Достапни линкови

logo-print

Над педесет државници го потврдиле присуството на погребот на Мандела


Педесет и тројца шефови на држави или влади го потврдија доаѓањето во Африка на погребот на Нелсон Мандела соопшти министерството за надворешни работи на таа земја. Претседателите на САД Барак Обама, на Бразил Дилма Руселф и на Франција Франсуа Оланд како и премиерот на Британија Дејвид Камерун потврдија дека ќе му одадат почит на херојот на борбата против апартхејдот со присуство на неговиот погреб.Освен актуелни државници на погребот ќе присуствуваат и поранешни шефови на влади.Потврдено е и доаѓање на Принцот Чарлс, поранешниот прв човек на ОН Кофи Анан,како и на рок музичарот Питер Габриел.Далај Лама,кому два пати му е оневозможена виза за Јужна Африка објави дека нема да присуствува на ова случување.
XS
SM
MD
LG