Достапни линкови

Украинската опозиција бара распуштање на владата


Неколку стотици ијади луѓе денеска се собраа на Плоштадот на Независноста во Киев барајќи заминување на премиерот Виктор Јанукович од власт ,за да може земјата да се придвижи кон ЕУ.Поранешната премиерка Јулија Тимошенко која е во затвор,во писмо што го прочита нејзината ќерка, побара оставка на Јанукович.Нејзината партија побара проширување на протестите и ги повика демонстрантите да го блокираат влезот до Резиденцијата на Јанукович во главниот град.Опозицијата најави дека на протестот ќе присуствуваат еден милион украинци.Во Киев трета недела по ред се одржуваат протести.Демонстрациите започнаа во ноември кога украинските власти објавија дека нема да го потпишат договорот за придружување со ЕУ и дека наместо тоа ќе се свртат кон поблиска соработка со Русија.
XS
SM
MD
LG