Достапни линкови

Изјавата на американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс за идентитетот и за лустрацијата на македонски начин, пишуваат неделниците.

Република - Големата навреда за големите пријатели

Изјавата на американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс, дека Македонците „не треба да го бараат својот идентитет со враќање назад во историјата“ предизвика многубројни реакции, особено кај провладините медиуми, па и Република во својот најнов број во уводникот пишува за „Големата навреда за големите пријатели“. Уводничарот во неделникот смета дека Волерс си поиграл со националните чувства на Македонците и дека кај многумина се наметнала дилемата зошто досега ниту еден амбасадор на САД во Грција не го поставил прашањето за вештачкиот идентитет на грчките
Волерс си поигра со националните чувства на Македонците и кај многумина се наметна дилемата зошто досега ниту еден амбасадор на САД во Грција не го поставил прашањето за вештачкиот идентитет на грчките Македонци.
Македонци, како и за политиката на Атина за враќање во историјата во обид да најде заеднички корени на нехомогеното население што живее таму.

Фокус – Несоодветни интерпретации на изјавата на Волерс

Од друга страна, во една од редовните колумни Фокус пишува за „Несоодветни интерпретации на изјавата на Волерс“, при што се појаснува дека американскиот амбасадор обрнал внимание на две нешта: прво, Македонците да не го Пол Волерс.

Пол Волерс.

градат својот идентитет како александрови деца, а Албанците како потомци на старите Илири. Второ, Волерс на македонската јавност ѝ соопштува важни американски размислувања за тоа дека е потребно земјата, за да опстане на долг рок, да се потпира на лојалноста на своите граѓани, а тоа значи нашиот национален идентитет да го доградуваме и оспособуваме, со што ќе станеме
Мршојадната лустрација е смислено омаловажување и уривање на целиот претходен систем врз кој е изградена современата држава Македонија.
членови на една политичка нација на која ќе се потпира државата. Доколку цврсто останеме секој во својот етнички атар, ќе покажеме дека во оваа држава немаме материјал за градење политичка нација и за создавање цврсти основи за нејзин траен опстанок, предупредува колумнистот во Фокус.

Глобус - Лустрација на македонски начин

За лустрацијата на македонски начин пишува друг колумнист, овој пат, во најновиот Глобус. Најновиот и досега највисок дострел на Комисијата за лустрација, пишува, е отворањето на досието на Методи Андонов Ченто со што се создава простор за досега најмасовна пресметка - со починатите. За масовно лустрациско „убивање“ на мртвите. За жал, во тоа имаат и поддршка со молк на Уставниот суд кој одбивајќи со времена мерка да го сопре контроверзниот Закон за лустрација стана соучесник во лакрдијата од лустрацијата и овозможи да продолжи селективното лустрирање кое се сведе на судење без суд, на сите, вклучувајќи ги и мртвите. А повеќе од јасно е дека мршојадната лустрација, заклучува колумнистот, е смислено омаловажување и уривање на целиот претходен систем врз кој е изградена современата држава Македонија. Почнувајќи од АСНОМ. Спиралата на црнила останува отворена, бескрајна, десператно завршува колумната во Глобус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG