Достапни линкови

Во општество без систем на вредности, луѓето се вртат кон политика, кон национализам, а политичарите тоа го искористуваат

Национализам, популизам, споменици, протести за етнички идентитет, се сензитивни теми кои деновиве беа актуелни во медиумите. Ова се теми со кои политичарите лесно манипулираат со граѓаните, велат аналитичарите.

Граѓаните сметаат дека нивите реални проблеми кои се поврзани со егзистенцијалното прашање не се доволно застапени во медиумите.

„Мене ме интересира да има здравје и паричка, ама нема, не ни стигнуваат, еве нема пари лекови да си купам.“

„Животен стандард, само тоа ме интересира.“

„Луѓето ги интересира да работат, да земат плата, инаку за друго не ги интересира, а вака немаат плата, нема од што да живеат и тоа е, нема за што друго да зборуваат.“

Сите власти сакаат народот да зборува за тие работи, за да не мора да разговараат за економија.
Александар Цветкоски од невладина организација АГТИС,вели дека луѓето на Балканот се задоени со национализам. Во ситуација кога тешко се гради идентитет затоа што општеството не нуди систем на улоги со кои граѓаните ќе може да се истакнат како индивидуи, кога државата не нуди доволно можности за вработување, за лична надграба и градење на успешна кариера, тогаш на граѓаните им останува најмалиот заеднички содржател, а тоа е членството во политичка партија, тоа е национализмот, идентификација со нацијата, вели Цветкоски.

„Сите власти сакаат народот да
Луѓето ги интересира да работат, да земат плата, инаку за друго не ги интересира, а вака немаат плата, нема од што да живеат и тоа е, нема за што друго да зборуваат.
зборува за тие работи, за да не мора да разговараат за економија. Кога би разговарале за економија некој би ве прашал зошто сте потрошиле толку многу пари, а немате доволно странски инвестиции, би ве прашал зошто е стопанството во канџите на политиката, и многу други незгодни прашања за кои политичарите не би сакале да одговараат.“

Кога луѓето немаат работа која би го исполнувала нивното време, тие се вртат кон ирационалните теми, објаснува Цветкоски.

„Дали да се свртат кон религијата, дали да се свртат кон шетање по шуми, и да бидат од луѓето што велат дека за ништо не се замараат или да се свртат кон некои вакви тривијални теми како што е национализмот.“

Тој додава дека доколку во земјава некој каже лош збор за идентитетот на Македонците или Албанците или нешто поврзано со историјата, тогаш сите реагираат, затоа што едноставно луѓето немаат како поинаку да се идентификуваат во тој систем на улоги која би била прифатлива за нив.

„Ако човек не се излаже самиот себе и не си го сврте вниманието, едноставно му останува само да полуди, па во краен случај национализмот е една добра мерка човек да не полуди, па ако е уште стимулиран од политичките партии, од државата, тогаш е полна капа, сите се задоволни, затоа што разговараат за глупости“, вели Цветкоски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG