Достапни линкови

Бели мугри за „Под нулата“ на Снежана Стојчевска


Снежана Стојчевска, поетеса.
Снежана Стојчевска, поетеса.

Снежана Стојчевска, за поетскиот ракопис „Под нулата“, е победник на петтиот конкурс за наградата „Бели мугри“ што ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје за млад автор до 35-годишна возраст. Книгата ќе биде промовирана на 20 декември во рамките на традиционалната манифестација „Денови“ што се организира во чест на раѓањето на големиот македонски поет.

Времето во кое таа твори е обезличено, отуѓено, лишено од поетска естетика. Ретки се перата како нејзиното што му даваат лик и душа на сивиот град, што им даваат топлина и боја на тмурните лица, што вдахнуваат живот во поезијата. Во време на кич, турбо фолк култура и минливи страсти, таа успева да го одржи пулсот на романтичарите, да ја стави поезијата во контекст на животот.
Tреба многу упорност, многу работа и треба многу да се вложи за на крајот да излезат резултатите. Јас верувам дека се враќа кога човек ќе вложи искрена енергија.
Снежана Стојчевска, поетеса.

„Под нулата“, стихозбирка на поетесата Снежана Стојчевска.
„Под нулата“, стихозбирка на поетесата Снежана Стојчевска.
Ова ќе го запише Александра Спасеска во рецензијата за збирката „Под нулата“ со која поетесата Снежана Стојчевска победи на петтиот конкурс за наградата „Бели мугри“ што ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје. Книгата ќе биде промовирана на 20 декември во рамките на годинашното издание на традиционалната манифестација „Денови“ посветена на денот на раѓањето на големиот македонски поет, а Стојчевска вели дека нејзе ова не и прво учество на некој поетски конкурс и дека во сè треба да се вложи многу искрена енергија.
„Под нулата“ во однос на „Шеќер по подот“ е многу поиздржана и позрела книга. Во „Шеќер по подот“ сум многу емотивна, многу чувствителна, многу романтична.
Снежана Стојчевска, поетеса.

„Мене ова не ми е прво учество на некој поетски конкурс. Јас и лани учествував на овој избор на „Кочо Рацин“ и бев во потесниот круг за награди. Годинава учествував и бев второпласирана на манифестацијата „Караманови средби“. Значи треба многу упорност, многу работа и треба многу да се вложи за на крајот да излезат резултатите. Јас верувам дека се враќа кога човек ќе вложи искрена енергија“, вели поетесата.
Снежана Стојчевска, поетеса.
Снежана Стојчевска, поетеса.

„Под нулата“ е втора поетска објава на Стојчевска по „Шеќер по подот“, книгата која што во 2012 се појави како издание на ИЛИ ИЛИ во едицијата „Русалки“. Ова беше проект што понуди четири засебни објави на исто толку поетеси од земјава со поинакво писмо и начин на изразување, но со обработка на слични теми и проблеми со кои се среќава жената во денешново македонско општество, а чиј иницијатор и уредник беше токму Стојческа.
Поезијата треба да напредува, да биде посовремена. Да зборува за теми и проблеми што се денеска актуелни, а не да бидеме застанати некаде во времето.
Снежана Стојчевска, поетеса.

„Под нулата“ во однос на „Шеќер по подот“ е многу поиздржана и позрела книга. Во „Шеќер по подот“ сум многу емотивна, многу чувствителна, многу романтична, љубовна, а во „Под нулата“, збирката која што е поделена на три циклуси, веќе сум позрела и имам песни кои што се љубовни, песни кои што се бунтовни и песни кои што се духовни. Самата во себе има разиграност и тематски и емотивно“, вели таа.

Родена 1980 година во Скопје, Снежана Стојчевска дипломирала на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Со пишување започнала на својот блог sneznobela.blog.mk, а има настапувано на повеќе поетски манифестации како „Ноќ без Интерпункции“ на СВП, поетскиот фестивал „Песнило“ во МКЦ, при одбележувањето на 21 мај – Меѓународниот ден на културната разноликост на УНЕСКО и други. Била организатор и учесник и на поетските средби „Дружење“ во Галерија 8, „Свирачиња“ во Менада, а во октомври 2012 учествуваше во подготовката и реализацијата на креативниот викенд „Кратки книжевни форми“ што се одржа во Лазарополе и на кој се собраа 15-на млади македонски поети.

Нејзините стихови се поместени во неколку антологии како „Лирски додекамерон“ (СВП), „Антологија на македонската авангардна поезија“ и „Планета Скопје“ ( Феникс) и Поетски слем Прилеп.

Стојческа е присутна и во електронскиот магазин за алтернативни уметности „Чивилук“, а со нетрпение ги очекува и резултатите од конкурсот за издаваштво на Министерството за култура каде за публикување, преку манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, го пријавила својот второсоздаден ракопис „Модри фантазии врз перничето на печати“.

„Поезијата треба да напредува, да биде посовремена. Да зборува за теми и проблеми што се денеска актуелни, а не да бидеме застанати некаде во времето“, вели Стојчевска.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG