Достапни линкови

Помош за опожарените во Топанско поле


Семејствата од опожарените куќи во Тенеќе Маало во Топанско поле ќе бидат сместени во одморалиштето во Љубанци, а ќе добијат и парична помош, храна и хигиенски пакети.Скопскиот градоначалник Коце Трајановски најави дека Град Скопје ќе им помогне со околу 1,5 милиони денари за да се обезбедат сретства за реконструкција на нивните домови. Црвениот крст на Град Скопје информира дека доставиле по 30 пакети храна и хигиенски производи за да ги задоволат потребите на 100 лица.Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Благоја Менковски информираше дека во пожарот кој бил пријавен синоќа се интервенирало со 17 возила и 45 пожарникар.
XS
SM
MD
LG