Достапни линкови

Пратениците на Тајландската опозиција си поднесоа оставки


Сите пратеници на тајландската опозициска Демократска партија си поднесоа оставки и се придружија нa антивладините протести. Опозициските пратеници оставката ја поднесоа со образложените дека Парламентот е контролиран од Таксиновиот режим и оти таа институција е незаконска. Во Тајланд од ноември траат протестите поради владата на премиерката Јинглук Синаватра за која демонстрантите тврдат дека е само марионета на нејзиниот брат Таксин Синаватра кој беше отстранет од власт во 2006 година по обвиеннитето за корупција.
XS
SM
MD
LG