Достапни линкови

Доделени наградите „Св.Климент Охридски“ за 2013


Државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2013 година во областа на воспитанието и образованието денеска му беше врачена на педагогот и методичар проф. м-р Аџи Фида. Во областа култура наградена е примабалерината доц. м-р Александра Мијалкова, а во здравството проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург и примариус д-р Коте Тасевски, специјалист ендодонт.Ова е одлуката на Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот на седница одржана на 18 ноември. На годинашните лауреати, во Собранието на Република Македонија, нагрaдата им ја врачи академик Вера Битракова Грозданова .
XS
SM
MD
LG