Достапни линкови

Македонија го празнува Св. Климент Охридски


Денес православните Христијани го чествуваат Свети Климент Охридски, светител, просветител и учител. Веќе осма година Свети Климент Охридски се празнува како државен празник. Во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, се одржува богослужба.
По повод празникот, во Собранието на Република Македонија, денеска Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски" ја додели наградата „Св. Климент Охридски" за 2013 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски упатија честитка до Македонската православна црква - Охридска архиепископија, неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г. г. Стефан, како и до сите православни верници.
XS
SM
MD
LG