Достапни линкови

Карзаи во посета на Иран


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска отпатува во Иран,додека американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел од вчера е во дводневна посета на Авганистан. Иранските медиуми јавија дека за време на еднодневниот престој Карзаи ќе се сретне со повеќе иранскиот претставници, вклучително и со претседателот Хасан Рохни.Во последно време растат несогласувањата меѓу Кабул и Вашингтон околу безбедносниот договор со кој на дел од американските сили треба да им се овозможи да останат во Авганистан и по 2014 година.Карзаи првично го одобри договорот,но сеуште не го потпишал.Иран смета дека договорот може да го дестабилизира регионот.
XS
SM
MD
LG