Достапни линкови

Хејгел во посета на американските трупи во Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел го продолжува престојот во Авганистан со посета на американските трупи што се стационирани таму. Хејгел пристигна во Кабул вчера во ненајавена посета.Тој се сретна со авганистанскиот министер за одбрана од кого добил уверување дека Безбедносниот договор со Авганистан ќе биде потпишан на време. Хејгел исто така изјави дека не мисли оти поголем американски притисок би бил корисен во обидите да се натера претседателот Хамид Карази да го потпише договорот со кој на американските сили ќе им се овозможи да останат во земјата и по 2014 година.
XS
SM
MD
LG