Достапни линкови

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за споменикот на Цар Душан


Од опозициската СДСМ бараат надлежните институции да и соопштат на јавноста кој го поставил споменикот на цар Душан и дали е легално поставен .Во соопштението на СДСМ се вели дека се загрижени за политиките на поделеност што, според нив, ги стимулира власта и кои резултирале со случувањата поврзани со споменикот на цар Душан. Од ВМРО ДПМНЕ реагираа со пишана рекција во која се вели дека СДСМ потикнува тензии за ситни политички поени.СДСМ заткулисно подгрева тензии преку своите сателити низ медиумите и поддржувачите од редот на нивните дежурни партиски интелектуалци, а сега глуми загриженост и сериозност, вели ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на соопштението на СДСМ.
XS
SM
MD
LG