Достапни линкови

logo-print

Жерновски - камерите нека покажат кој го постави Цар Душан


Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски ја повика министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да дозволи да се прегледаат камерите кои се поставени на плоштадот и околу Градскиот трговски центар за да се види кој го поставил споменикот на Цар Душан.
"Видео материјалот ќе покаже кој го поставуваше ноќе скришум споменикот на Цар Душан.Тогаш министерката за култура нема да може невешто да ја префрла вината на друго место“, вели Жерновски.
Според Жерновски јасно било кој го порачал и поставил споменикот на Цар Душан, иако ваков споменик не бил предвиден во одлуката која ја изгласа претходниот советнички состав на општина Центар.
XS
SM
MD
LG