Достапни линкови

Хајгел добил гаранции за договор со Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Чак Хајгел изјави дека авганистанскиот министер за одбрана го охрабрил оти Безбедносниот договор со САД ќе биде потпишан на време.
Хејгел ова го кажа по денешните разговорите со Бисмилах Кхан Мохамади што ги оствари денеска во текот на ненајавената посета на Кабул.
Хејгел исто така изјави дека не мисли оти поголем американски притисок би бил корисен во обидите да се натера претседателот Хамид Карази да го потпише договорот со кој на американските сили ќе им се овозможи да останат во земјата и по 2014 година.


XS
SM
MD
LG