Достапни линкови

Стоиљковиќ: Цар Душан ќе се санира, соживотот да продожи


Република Македонија е демократска и правна држава подготвена во секој момент да ги заштити сите граѓани во земјата, па и припадиците на српската заедница, од секој вид на екстремизам и радикализам, порача во соопштението до јавноста Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ. Тој денеска соопшти дека во најкус можен рок ќе биде санирана штетата направена над споменикот на цар Душан по синоќешното оштетување и по протестот кој беше организиран денеска од мала група демонстранти. Стоилковиќ со соопштение до медиумите им порачува на Србите да не подлегнат на случувањата и да продолжат да живеат во соживот со сите етнички заедници во Македонија.
Стоилковиќ најави дека ќе поднесе жалба до медими кои известувале за настаните, поради што тој најавува дека ќе поднесе жалба затоа што, како што вели, отворено повикување на омраза и ширење на меѓуетнички тензии.
XS
SM
MD
LG