Достапни линкови

Со "Вечната куќа" МНТ вечер почнува со работа во новиот објект


Македонскиот народен театар вечер со премиера на „Вечната куќа“ по текст на Јордан Плевнеш и режија на Дејан Пројковски, своите претстави ќе почне да ги изведува во новиот објект изграден на местото на некогашниот Стар театар. Официјалниот почеток на работата на новата театарска зграда ќе биде одбележан со уште две премиери на оваа претстава - утре и задутре, а до крајот на месецот ќе има уште осум репризни изведби. Од јануари МНТ ќе продолжи со својот редовен репертоар.
XS
SM
MD
LG