Достапни линкови

Откажани летови во Лондон поради проблеми во контролата за летање


Голем број летови денеска се одложени или се откажани на најфреквентниот аеродром во Британија поради технички проблеми во централната контрола за летање. Проблемот се случил во контролниот центар на југот на Англија кога системот не можел да премине од ноќен на дневен режим на работа. Од Контролата за летање истакнуваат дека безбедноста на патниците не е доведена во прашање, но дека некои летови ќе доцнат.На лондонскиот аеродром Хитроу кој е најфреквентен во Европа многу вчерашни летови доцнеа и по неколку часови.
XS
SM
MD
LG