Достапни линкови

logo-print

Спречен шверц на девизи на скопскиот аеродром


На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје е спречен нов обид за нелегално внесување на девизи. Парите се пронајдени кај македонска државјанка која допатувала со лет од Цирих.Кај неа се пронајдени 30 илјади швајцарски франци за кои не поседувала документ за потекло. Согласно законот за девизи, вратени и се 12 илјади франци, а останатите 18 илјади франци привремени се задржани. Ова е втор случај неделава на пронајдени девизи сокриени во градник што, според Царината, говори дека расте бројот на случаи на нелегално внесување девизи. Против сторителот е поднесена прекршочна пријава.
XS
SM
MD
LG