Достапни линкови

Американски државјанин ослободен од притвор од Северна Кореја


Северна Кореја го депортираше американскиот ветеран од Корејската војна од 1950 до 53 година кој беше во притвор од октомври годинава. Осумдесет и три годишниот Мерил Њумен по потекло од Калифорнија беше обвинет од Севернокорејските власти дека е одговорен за непријателски дела против комунистичката држава што биле направени за време на Корејската војна. Државните агенции објавија дека американскиот државјанин е депортиран од хумани причини, наведувајќи дека тој не е во добро здравје и дека искрено се кае за направените дела.Американскиот вице претседател Џо Бајден изјави дека Њумен пристигнал во Кина.Сад го поздрвија ослободувaњето.
XS
SM
MD
LG