Достапни линкови

Јужна Африка му оддава почит на Мандела


Јужна Африка во текот на целата недела ќе му оддава почит на поранешниот претседател и симбол на борбата против апартхејдот Нелсон Мандела,а на неговиот погреб во недела на 15 ти овој месец ќе присуствуваат лидерите на земјите од целиот свет. Мандела ќе биде погребан во родниот град Кун на југот од земјата, а последна почит меѓу останатите ќе му одадат и претседателот на САД Барак Обама. Пред погребот телото на Мандела три дена ќе биде изложено во седиштето на претседателството во Преторија.Мандела во четвртокот вечерта почина во Јоханесбург,а африканските власти прогласија десетдневна национална жалост.
XS
SM
MD
LG