Достапни линкови

Елтон Џон го одржа концертот во Москва посветен на геј заедницата


Британскиот музичар Елтон Џон синоќа oдржа концерт во Москва што го посвети на 23 годишниот Владислав Торновои кој беше претепан до смрт во Волгоград во мај затоа што бил хомосексуалец. Џон рече дека размислувал дали треба да одржи концерт во Русија откако беше усвоен законот со кој се забранува пропагирањето на хомосексуалноста.Се смета дека овој закон им даде зелено светло на хомофобичните групи во Русија да ги напаѓаат членовите на геј заедницата. Џон на концертот во Москва кажа дека некои од неговите пријатели го убедувале оти треба да избегнува концерти во Русија, но тој решил да настапува се додека има луѓе кои сакаат да ги слушаат неговите песни. Џон на концертот во Москва упати повик против дискриминацијата.
XS
SM
MD
LG