Достапни линкови

Во невреме во Полска загинале пет лица


Во невремето што од четвртокот зафати делови од северна и од средна Европа,во Полска загинаа пет лица а 53 се повредени. Вчера и синоќа снегот што е проследен со бура парализираше области на северот од земјата каде што возачите останаа заглавени во долгите колони. Во Полска на терен се распоредени повеќе од 42 илјади спасувачи кои помагаат и во евакуацијата на патниците од возилата кои се заглавени на регионалните патишта на северот. Меѓу заглавените поради невремето се и 42 деца од училишен автобус.
XS
SM
MD
LG