Достапни линкови

Времето денеска - облачно со слаб снег


Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно проследено со слаби врнежи од снег во западните и северните делови. Преку денот облачноста ќе се намалува и насекаде ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од еден до пет степени.Во Скопје во раните утрински часови ќе провејува слаб снег, а преку денот ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до три степени.
XS
SM
MD
LG