Достапни линкови

Ноќеска оштетен споменикот на Цар Душан


Група од 20 до 30 граѓани изминатата ноќ се обидела да го урне споменикот на Цар Душан на Мостот на цивилизациите во Скопје, јави ТВ Алсат - М.

Сепак и покрај обидите, групата не успеала да го урне споменикот туку го оштетила. Како што пренесува телевизијата, меѓу граѓаните имало и претставници на ДУИ.

Претходно на социјалните мрежи беше упатен повик за одржување протест денеска во 12 часот за уривање на споменикот.

Засега се уште не се знае официјално кој е нарачателот на изградбата на овој споменик.
XS
SM
MD
LG