Достапни линкови

logo-print

Колоски: Грција да не ги блокира македонските интеграции


Методија Колоски

Методија Колоски

„Крајно време е САД, НАТО и Европската Унија да се соочат со фактите и јавно да признаат дека во интерес на градењето на Европа, како обединета, слободна и во мир, Грција мора да отстапи и НАТО и ЕУ да и подадат рака на Македонија“. Ова го наведува претседателот на Обединетата македонска дијаспора Методија Колоски во коментарот објавен во американското списание посветено на Конгресот „Хил“. Колоски ги повикува претседателот Барак Обама, државниот секретар Џон Кери и Конгресот на САД да го дадат својот придонес за да обезбедат подобра иднина и за Македонија и за регионот.
XS
SM
MD
LG