Достапни линкови

Тимошенко го заврши штрајкот со глад


Затворената поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска го прекина штрајкот со глад. Ова го соопшти нејзината ќерка Јевхенија, прецизирајќи дека Јулија тоа го сторила на барање на нејзините поддржувачи. Тимошенко почна да гладува на 25 ноември во знак на протест поради одлуката на украинската влада да не ја потпише Спогодбата за асоцијација со Европската унија. Таа е осудена на седум години затвор за злоупотреба на премиерската функција.
XS
SM
MD
LG