Достапни линкови

Во турскиот парламент пакет реформи за Курдите


Турската Влада официјално го предаде во Парламентот пакет реформи за подобрување на правата на курдското малцинство во земјата. Во исто време, како што јавуваат тамошните медиуми, курдските политичари велат дека т.н предлози за демократизација - во која спаѓаат и прашања како што е казнување за злосторства од омраза - се далеку од нивоата на кои треба да бидат. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во септември најави дека неговата Влада ќе воведе олеснувања за користење ма курдскиот јазик, како и други мерки, меѓу кои е и укинување на забраната за носење муслимански вел во државните институции.
XS
SM
MD
LG