Достапни линкови

logo-print

Јанкулоска: продолжуваме со мерките против лажните баратели на азил


министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

„Наша работа е да спроведуваме мерки за спречување на негативните појави и елиминирање на можноста од применување на таквите одлуки од страна на европските институции и да правиме напори за намалување на бројот на лажни баратели на азил во европските земји по потекло од Македонија, а не да ги коментираме нивните одлуки“. Ова е одговорот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска запрашана за коментар на вчерашната одлука на Советот на министри од ЕУ за усвојување механизам за привремено враќање на визите за граѓаните на западнобалкански држави и трети држави во „специфични ситуации, доколку има нагло растење на нерегуларните имигранти или неосновани барања за одобрување азил“.
XS
SM
MD
LG