Достапни линкови

Висока загаденост на воздухот во Скопје


Во воздухот во Скопје регистрирани се денеска за неколку пати повисоки концентрации на ПМ10 . На официјалната веб страница на Министерството за животна средина и просторно планирање за квалитетот на воздухот мерните станици последното мерење покажува многу високи концентрации во Центар и Лисиче, а високи во Карпош. Индексот е многу висок кога концентрацијата на ПМ10 е 180 микрограми на метар кубен, а висока концентрација се смета кога концентрацијата е меѓу 90 и 180 микрограми. Дозволената концентрација е 35 микрограми. Во ваков случај се препорачува ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација, но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.
Високи концентрации беа забележани и во текот на вчерашнот ден на сите мерни места во Скопје, како и во Кичево и Тетово.
XS
SM
MD
LG