Достапни линкови

Јанукович во Сочи на средба со Путин


Украинскиот претседател Виктор Јанукович, како што се јавува, по посетата на Кина ќе престојувал во Сочи, каде што ќе имал средба со рускиот претседател Владимир Путин. Москва ова уште го нема потврдено.

Претходно се очекуваше Јанукович да се врати директно во Украина, каде што про-европски демонстрантите и натаму ја продолжат блокадата врз владини згради.

Демонстрантите бараат оставка на владата, која под притисок од Русија, се откажа од плановите да го потпише договорот за трговија и асоцијација со Европската Унија.
XS
SM
MD
LG