Достапни линкови

Неликвидноста тропа на голема врата во Македонија


Народната каса тешко се полни. Владата правдајќи се со кризата во Европа што помина ги откажа зголемувањето на платите и пензиите. Секогаш е крив некој друг, велат од опозицијата.

Постои проблем со прибирање пари во народната каса што е потенцијална закана за неликвидност на македонската економија, сметаат упатените. Владата го откажа ветеното зголемувања на платите на вработените во јавната администрација и предвиденото намалување на придонесите за пензиско осигурување. Власта се правда со европската криза додека опозицијата одвраќа – Европа не е крива што ние немаме пари.
Во овој случај веќе сме навлезени во жолта фаза на загрозена ликвидност.
Зоран Витанов, поранешен заменик-министер за економија.

Поранешниот заменик-министер за економија Зоран Витанов вели дека станува збор за училишен пример за загрозена ликвидност.

„Во овој случај веќе сме навлезени во жолта фаза на загрозена ликвидност, особено ако знаеме дека следуваат избори, секоја влада особено
оваа е позната како популистичка од се што правеше до сега, популистичка мерка би била обратната мерка, така да штом тоа го прави државата веќе е неликвидна и запаѓа во неликвидност, а и тоа не е никакво изненадување, ние одамна сме неликвидни.“
Да водите сметка како добар домаќин што е тоа што можете да го направите во моментот без да ги лажете граѓаните.
Силвана Бонева, ВМРО-ДПМНЕ.

Експертската јавност до сега многу пати коментираше дека зголемувањето на платите за популарно наречените „буџетари“ е непродуктивна мерка, имено директно не придонесува кон еконономски раст. Намалувањето на придонесот за пензиско од друга страна, можеби ќе ја намалеше невработеноста бидејки тоа во основа значи дека државата ќе бара помалку пари од приватниот
Средба на вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за труд и социјала Диме Спасов со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија
Средба на вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за труд и социјала Диме Спасов со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија
сектор за секој вработен. Од друга страна тоа ќе значи помалку пари во фондот за пензиско осигурување, што би ја обврзало државата да троши од Буџетот, кој барем лани не се полнеше во согласност со предвидувањата. Имено, лани на приходната страна на буџетот фалеа 186 милиони евра и тоа по ребаланс, а за годинава се уште нема официјални податоци. Јавноста треба да знае дека неликвидноста тропа на голема врата во Македонија, вели Витанов.
Баш кога беше кризата во Европа, тие ги покачуваа платите и пензиите и сега кога пројде кризата во Европа сега ќе ги симнува платите и крива ќе биде кризата во Европа од претходно што помина.
Ванчо Узунов, СДСМ.
За ризиците од неликвидноста тој објаснува:

„Еден податок само ќе кажам и мислам дека е јасно. Од десет компании на светско ниво што пропаѓаат, осум од десет влади од сите искуства на светско ниво, што прогласиле банкрот, не прогласиле затоа што компаниите не биле профитабилни, а владите не биле со раст на БДП-то, туку прогласиле заради тоа што западнале во неликвидност. Тоа што значи? Не можеле да ги сервисираат тековните обврски. Што значи тоа овој податок најмногу говори.“

Ветените повисоки плати за администрацијата не се откажани, тврдат од владеачката партија, а како причина ја споменуваат европска криза. Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ вели дека станува збор за домаќинско планирање

„Тоа е искреност, тоа е одговорност, тоа е гледање како дома, да водите сметка како добар домаќин што е тоа што можете да го направите во моментот без да ги лажете граѓаните“, вели Бонева.

Секогаш е крив некој друг, а никогаш владата и тоа е во стилот на оваа власт, забележува професорот Ванчо Узунов, потпретседател на опозициската СДСМ

„Баш кога беше кризата во Европа, тие ги покачуваа платите и пензиите и сега кога пројде кризата во Европа сега ќе ги симнува платите и крива ќе биде кризата во Европа од претходно што помина. Не држи тоа објаснување никако, меѓутоа не очекувате Ставрески да каже дека тој е виновен или Груевски, нормално виновна е Европа, добро е што не е опозиција.“

Замрзнувањето на придонесот за пензиско осигурување на 18 отсто наместо негово намалување на 17,6 проценти можеби минимално ќе го заштити оптоварениот пензиски систем. За илустрација, од 1994 година до лани трансферите од Буџетот кон Фондот се зголемиле за близу 500 проценти или поточно 494 отсто. Расходите од фондот, пак, во истиот временски период се зголемени за над 40 проценти. Пензионерите сепак ќе го добијат предвиденото покачување, но од друга страна, се предлага догодинешниот до сега најамбициозен буџет да се полни со казни во висина од 7 милиони евра, според проценките на опозицијата.
XS
SM
MD
LG