Достапни линкови

logo-print

Уметноста на волонтеризмот


Антонио Даниловски, активист на Младински образовен форум, МОФ.

Антонио Даниловски, активист на Младински образовен форум, МОФ.

Во основа на волонтеризмот е да биде алтруистичка активност, која е наменета за промовирање на добро, подобрување на квалитетот на живот, помагање за некакви активности, пишува во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа, Антонио Даниловски, активист на Младински образовен форум.

Интересна ми е перцепцијата на многумина во поглед на нивните размислувања за волонтерите, поточно оној волонтеризам кој што се случува на поголемите случувања. Неколкугодишното искуство во сферата на волонтеризмот ме става во позиција малку покритички да ги согледувам овие размислувања, и оттаму произлегувам со неколку забелешки, коишто подоле подетално ќе ги образложам.
Во основа на волонтеризмот е да биде алтруистичка активност, која е наменета за промовирање на добро, подобрување на квалитетот на живот, помагање за некакви активности.

Но пред да продолжам, би сакал да појаснам неколку работи: Не ве прави волонтер само тоа дека ќе му однесете кафе на тој што е хиерархиски над вас. Волонтерот е производ на многу поголем труд од ова. Во основа на волонтеризмот е да биде алтруистичка активност, која е наменета за промовирање на добро, подобрување на квалитетот на живот, помагање за некакви активности. Но не е во карактеристиките на алтруизмот да се возврати кон активноста без почит и внимание кон оној што направил нешто. Ова всушност сметам дека е движечката сила и изворот на мотивација кој што го подобрува и засилува волонтеризмот, или општата заангажираност кон волонтеристички активности.

Сте помислиле ли некогаш како би ви било ако ви остават да водите голем број на волонтери? Би знаеле ли како да ги обучите што треба да прават, кои обуки би требале да имаат, каков придонес ќе донесат тие обуки? Како да се однесуваат, кога да се одмараат? Би знаеле ли како да ги вклопите тие млади желни за работа да функционираат како едно, и секогаш да работат за тимот, секогаш да знаете дека се подготвени и да знаете дека секогаш ќе ги завршат своите обврски навремено и никогаш нема да се посомневате во нивната работа? Ваков план се прави за секој голем настан, а должноста за спроведување на тој план паѓа на една личност, лидерот на волонтерите или поточно координаторот на волонтери.

Искуството кое волонтерот го стекнува за понатаму е од огромна важност за подоцна.
Заборавете на популарните личности кои може да ги сретнете, на факелот на олимпијада како еден од најголемите настани, или на спектакуларностите кои се случуваат таму. Овие искуства се претставуваат мал процент од придобивката на волонтерот, или од неговата функција за време на настан од повисок ранг.

Искуството кое волонтерот го стекнува за понатаму е од огромна важност за подоцна, примарно бидејќи волонтеризмот налага процес на обуки преку кои волонтерот се стекнува со мноштво на вештини кои имаат големо значење за подоцнежното барање на работа и лични квалитети. Контактите кои ги стекнувате при самото волонтериње се исто така една голема придобивка од волонтирањето. Поминувањето на различни модули на обуки, почнувајки од психологија, издржливост, тимска работа па се до прва помош се само дел од вештините кои ги стекнувате. Овој пакет вештини се покажало како квалитетна одскочна даска за многумина кои решиле да се пробаат како волонтери.

Од организациски аспект, од гледиштето на координативното тело кое ги води волонтерите, волонтеризмот добива уште една димензија. Ако ви текнува на делот кога напоменав дека волонтеризмот не е донесеното кафе или вода на оној кој е над вас, сега ќе биде појасно што мислев со тоа. Изборот на самите волонтери кои се пријавиле за да помогнат на некој настан е еден од најлесните моменти во координирањето, подоцна доаѓа оној дел каде треба сите тие волонтери да поминат низ обуки кои ги спремаат и да бидете сигурни во нив дека секогаш ќе знаат која е најправилната работа која треба да ја направат во најтешките моменти. Креирањето на целосното сценарио за тоа кој каде ќе биде и точно кога, е една од најтешките и најмачните работи во координирањето, бидејќи бара постојана спремност и целосна обзервација кон активностите на секој кој што треба да биде координиран, поточно координативниот тим треба да знае каде точно се наоѓа секој од волонтерите и што тој/таа прави.

Она што прво ми боде очи е односот према волонтерите, каде што координаторите сметаат дека волонтерите ним им се потчинети, што според мене, е најгрешната претпоставка која што нажалост има преминато во стандард.
Како личност која се занимава со координирање на волонтери и предавач на обуките за волонтери, сметам дека постапките на неколкумина кои се занимаваат со организација на настани, каде се вклучени волонтери, имаат однесување и став кон волонтеризмот за кој сметам дека е жалосен. Ова размислување го темелам на нивното однесување кон волонтерите и ставот кој го држат при креирање на координациите со волонтерите.

Она што прво ми боде очи е односот према волонтерите, каде што координаторите сметаат дека волонтерите ним им се потчинети, што според мене, е најгрешната претпоставка која што нажалост има преминато во стандард. Со самото вакво однесување на координаторите према волонтерите, ги одвраќа волонтерите да се пријавуваат на настани и да помогнат за подобро спроведување на настанот. Втората, уште по интересна карактеристика која се забележува кај многумина е дистрибуцијата на промотивен материјал која што никогаш не е осигурана за волонтерот. Ова го имам забележано на повеќе настани, каде што промотивен материјал од типот на маички, пенкалца или разни други интересни материјали секогаш е пресметан за гостите кои се очекувани, а никогаш како многу ретко, или речиси никогаш не останува да биде искористен како вид на награда за волонтерот што учествувал во организацијата. Ова е многу голем проблем, бидејки и со ова самиот мотив за волонтирање се уништува. Не верувам дека на сите волонтери им е цел да добiјат маичка или пенкалце, но подарувањето oзначува внимание и благодарност кон волонтерот којшто самоволно вметнал труд во активност.

Волонтеризмот е еден од најважните делови на организациските планови, и истиот трпи негативни последици како резултат на лошо однесување. Со искрени желби се надевам дека ова ќе се поправи во иднина.
XS
SM
MD
LG