Достапни линкови

Вашингтон не ја признава кинеската одбранбена зона


Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон не ја признава новата воздушна одбрана зона на Кина околу спорните острови во источниот дел на Кинеско море.
Бајден ова го изјави за време на говорот во универзитет во Сеул, Јужна Кореја.
Тој претходно разговараше со кинеските лидери и рече дека таа порака ја испратил во Пекинг.
Бајден во Сеул порача и дека Северна Кореја нема да има напредок се додека се стреми кон нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG