Достапни линкови

„Стјуардеси “ во театар Комедија


Театар Комедија ќе ја изведе премиерата на претставата „Стјуардеси“ од Марк Камолети во режија на Синиша Ефтимов. Во оваа класична фарса и прва камерна пиеса на театарот играат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Нина Деан, Кристина Ласовска, Тања Мицков и Марија Кондовска.

„Боинг боинг“, текстот на Марк Камолети кој според некои податоци веќе е влезен во Гинис како еден од најизведуваните воопшто, повторно како „Стјуардеси“ ќе се најде на некоја од театарските сцени во Македонија. Овојпат режисерот Синиша Ефтимов, во Театар Комедија, го враќа во времето кога е настанат 1960-те години, но дејствието го сели во тогашно Скопје со предумисла дека градот би бил многу „покул“ место ако сите или барем повеќето ја слушале музиката на легендарниот Драган Ѓаконовски – Шпато.
Доколку ние би се возеле на музиката на Шпато како основа за одредена цивилизациска култура како држава, мислам дека сега можевме да бидеме многу повеќе од она што сме.

„Овојпат се обидов да го фатам духот на времето за кое прво поим немам како изгледало. Мојата претпоставка е дека Скопје можело да биде „покул“ град отколку што бил во времето кога Шпато творел. Тргнав од таму. Тоа апсолутно нема никаква врска со оваа претстава – меѓутоа зборувам за следново, дека доколку ние би се возеле на музиката на Шпато како основа за одредена цивилизациска култура како држава, мислам дека сега можевме да бидеме многу повеќе од она што сме. Во тој смисол. Тоа ми се поврза со она што јас сакав да го правам во една пред сè фарса обидувајќи се себе си да си најдам режисерски предизвик кој што ќе ми дозволи да одам малку подалеку од поставувањето на една ваква пиеса. Затоа решив да го локализирам дејството, да го преместам од Париз во Скопје, но да ги задржам годините во кои што
Направивме една тимска претстава која ќе мора да се игра на таков начин, со многу подавања, за на крај да „постигнеме“ гол.
е направена затоа што тој конкретен плод во оваа претстава во денешно време апсолутно нема да функционира. Пред сè заради модерните средства за комуникација“, истакнува Ефтимов.

Дејството на пиесата се одвива околу еден архитект-плејбој, кој смета дека ја нашол формулата за совршен ергенски живот. Тој има три девојки стјуардеси од три различни светски авиокомпании и секој втор ден нова свршеница. Неговиот лик го толкува Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино е задолжен за улогата на пријателот Роберт, а трите стјуардеси се актерките Нина Деан, Кристина Ласовска и Тања Мицков. Во оваа фарса како гостинка од Драмки театар игра и искусната Марија Кондовска ( собарката Берта), која
Имам чувство дека влегуваме во некои стереотипи и колку порано се освестиме за тоа толку подобро.
и досега има соработувано со Театар Комедија.

„Направивме една тимска претстава која ќе мора да се игра на таков начин, со многу подавања, за на крај да „постигнеме“ гол“, ќе рече Атанасовски, во пресрет на премиерната изведба на „Стјуардеси“.

Инаку, по „Лет над кандидатското гнездо“ и „Хамлет во пикантен сос“, оваа камерна пиеса е третиот и последниот проект на Театар Комедија во оваа 2013 година. Најмладиот театарски колектив во земјава во изминатиот период со успех настапи на меѓународните фестивали во Трабзон , Турција и Мостар, Босна и Херцеговина, учествуваше на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на „Охридско лето“, а го иницираше и отпочнувањето на манифестацијата „Аеродром се смее“, која по првичниот интерес, има амбиции да израсне и во значаен регионален театарски фестивал.

Она што е значајно е и тоа што Театар Комедија наскоро го очекува преселбата во стариот објект на МНТ, а директорката Јелена Жугиќ знае да каже дека продолжуваат во истиот ритам и дека догодина имаат намера да постават на сцена неколку проекти со кои ќе го свртат вниманието на културната јавност. Така, во театарот по поставувањето на наградуваната „Женидба“ повторно ќе гостува Дејан Пројковски кој во случајов би работел еден култен Шекспиров текст, младата режисерка Ирена Стеријовска е со план да ја постави „Важно е да се викаш Ернест“, гостинот од Нови Сад – Борис Мијешевиќ (кој во регионов потпиша неколку мега-проекти) ќе биде задолжен за еден експериментален проект за кој текстот и дијалогот ќе се испишуваат на сцена и кој е именуван како „Чувството на брадата“, а во комбинација е и првата копродукција – Наташа Поплавска во тој случај би се бавела со поставување на античката комедија „Лисистрата“.

„Имам чувство дека влегуваме во некои стереотипи и колку порано се освестиме за тоа толку подобро. Значи, малку да ги рушиме и стереотипите на кулиси, четири врати, глумци на сцена...Ќе се обидеме да направиме и да понудиме нешто поразлично“, потенцира Жугиќ.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG