Достапни линкови

Дневен печат - споменици, задожувања и Субрата Рој


Субрата Рој ја затвора едната фирма во Македонија.
Субрата Рој ја затвора едната фирма во Македонија.

Скопје 2014 и споменикот на Цар Душан, Субрата Рој ја затвора едната фирма во Македонија, јавниот долг расте, ова се дел од темите за кој пишуваа дневните весници.

„Економијата стабилна, банките полни пари“, пишува Дневник, цитирајќи го првиот човек на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, кој очекува трендот на пад на каматите да продолжи и во наредниот период.
Пензискиот придонес в година нема да се намали, а најавеното зголемување на платите во јавниот сектор ќе стартува дури од октомври.
Утрински весник.

Од друга страна, Утрински пренесува впечатоци од расправата при усвојувањето на буџетот дека тој тешко ги следи убавите желби. „Пензискиот придонес в година нема да се намали, а најавеното зголемување на платите во јавниот сектор ќе стартува дури од октомври.

Дневник го пренесува Телеграф дека Субрата Рој ја затвора едната фирма во Македонија, по што уследи бран објаснувања од агенцијата што ги застапува индиските бизнисмени дека инвестициите на контроверзниот Рој во земјава нема да се повлечат.

Жерновски му испрати отворено писмо на премиерот Груевски со прашање дали, по аргументираните докази од
На цар Душан му кренавме споменик, ќе му изградиме ли и на цар Борис?
Нова Македонија.
ревизијата, има или нема криминал во проектот „Скопје 2014“ и јавно да го каже тоа.

Нова Македонија го пренесува мислењето на СДСМ дека „Владата секој месец троши 30 милиони евра повеќе“ и дека јавниот долг веќе пораснал на 2 милијарди и 73 милиони евра. За да се врати овој долг, државата една година не треба да потроши ниту денар, го цитира весникот претседателот на Советот за економски прашања на СДСМ, Узунов.

„Лото вработените не ги сака никој - Ги вработи со фанфари, сега никој не ги сака“,пишува Утрински пренесувајќи дека Владата бара од градоначалниците, во соработка со јавните претпријатија, да направат нова систематизација за да се распределат нововработените социјалци. Во меѓувреме, медиумите го следат новото роуд шоу на премиерот и неколкумина министри во Британија и Франција, овој пат во соработка со британскиот весник Фајненшел тајмс со чија управа Владата договори соработка на планот на привлекување странски инвеститори за голем хонорар. Вечер го објавува интервјуто на Груевски за Фајненшел тајмс во кое тој бара САД, Германија и Франција да ја притиснат Грција за проблемот со името.

Сите весници го пренесоа барањето на Штефан Филе на конференцијата за Западен Балкан членките на ЕУ, пред самитот на Унијата овој месец да кажат што планираат со Македонија. „Цар Душан ги разбуди страстите“, насловува Утрински пренесувајќи ги реакциите на движењето „Разбуди се“ и на опозициските партии по поставувањето споменик на српскиот освојувач на новиот Мост на цивилизациите на Вардар во Скопје. Нова Македонија прашува: „На цар Душан му кренавме споменик, ќе му изградиме ли и на цар Борис?“ Вечер забележува: „Цар Душан ги скара СДСМ и Србите“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG