Достапни линкови

Орбан - ЕУ да и даде шанса на Македонија


Македонија има клучна улога во стабилноста на целиот регион и доколку сакаме овој регион да го направиме стабилен и сигурен тогаш Македонија во тоа мора да одигра клучна улога, а тоа може да се замисли само преку зачленување на Македонија во НАТО и Европската унија, изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија кој е во посета на Македонија.

Балканот веќе не е проблем на ЕУ, туку е можност таа да добие на тежина и да се засили на економски план и поддршката на Унгарија не е инспирирана само поради симпатиите кои ги има за Македонија, туку и поради интересите на Европа, која треба да и даде можност на земјата да стане дел од семејството, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.
Доколку сакаме овој свет да го направиме посигурен, тогаш Македонија во тоа мора да одигра клучна улога, а тоа може да се замисли само преку зачленување на Македонија во НАТО и Европската унија.

„На сите кои ја познаваме историјата ни е јасно, знаеме дека овој простор на Балканот кој го нарекуваме Македонија има клучна улога во стабилноста на целиот регион и доколку сакаме овој регион да го направиме стабилен и сигурен и доколку сакаме овој свет да го направиме посигурен, тогаш Македонија во тоа мора да одигра клучна улога, а тоа може да се замисли само преку зачленување на Македонија во НАТО и Европската унија.“

Според Орбан во изминатите години ЕУ загубила доста поради економската криза и сега мора да се позабави со прашањето како да го врати политичкото влијание во светот. Груевски го информирал Орбан дека Македонија има видлива резултати во спроведување на реформите и пет пати по ред доби препорака за
Периодот на нештата би налагал препораката конечно да биде преточена во одлука на Европскиот Совет за отпочнување на пристапните преговори со Унијата.
отпочнување преговори со ЕУ.

„Што укажува на тоа дека Македонија е сериозно посветена на исполнувањето на оваа стратешка цел. Периодот на нештата би налагал препораката конечно да биде преточена во одлука на Европскиот Совет за отпочнување на пристапните преговори со Унијата. Исто така ја нагласив определбата на Владата за безусловно продолжување со реформите и со напорната работа за нивно реализирање.“

Според Груевски на процесите не гледаат само низ призмата да се биде членка на ЕУ, туку првенствено како пат со кој ќе се обезбеди подобар животен стандард на секој граѓанин.

„Од премиерот Орбан и во оваа прилика добивме потврда дека поддршката од Унгарија за што поскоро отпочнување на пристапните преговори ќе продолжи со ист интензитет.“

Двајцата лидери се согласиле дека Македонија и Унгарија имаат одлични политички односи без отворени прашања. Според нив потребна е поголема соработка на економски план, особено во инвестициите при што биле потпишани и повеќе акциски планови и за проширување на соработката во други области.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG