Достапни линкови

Во Киев министерски совет на ОБСЕ и покрај протестите


Во Киев се одржува состанок на шефовите на дипломатиите на ОБСЕ додека во градот продолжуваат протестите откако украинската влада одби да ја потпише спогодбата за асоцијација со Европската унија. Неколку илјади демонстранти и натаму се наоѓаат на Плоштадот на независноста, а продолжува и блокадата на зградата на владата. Отворајќи го собирот на ОБСЕ, украинскиот премиер Микола Азаров изјави дека протести се нормална работа во земја која развива демократија. Американскиот државен секретар Џон Кери го откажа учеството на состанокот во Киев. Неговата помошничка Викторија Нуланд во Киев побара од украинската влада да го слушне гласот на народот.
XS
SM
MD
LG