Достапни линкови

logo-print

“Чет'рсе“ впишано на листата на културно наследство на УНЕСКО


„Чет'рсе - празнувања на свети четириесет маченици во Штип“ да се придружи кон другите нематеријални добра што се наоѓаат на репрезентативната листа на заштитени добра на човештвото на УНЕСКО, реши денеска Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за нематеријално наследство, на неговата осма седница која се одржува во Баку, Азербејџан, соопшти Министерството за култура. „За нашата земја, оваа одлука во областа на културното наследство претставува историски настан, бидејќи ова е прво македонско нематеријално добро впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО“, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG