Достапни линкови

logo-print

Градоначалниците на Кочани и Виница приведени во Бугарија


Градоначалниците на Виница и на Кочани Емил Дончев и Ратко Димитровски, синоќа биле приведени во Благоевград, Бугарија, затоа што во нивното возило била пронајдена муниција за лов. Јавниот обвинител од Благоевград на двајцата им одредил 24 часовен притвор, јавува агенцијата Фокус. Градоначалниците Димитровски и Дончев велат дека муницијата што бугарската полиција ја пронајде синоќа во нивното возило при контрола на граничкиот премин кај Делчево била на нивен пријател и оти по сослушувањето за потеклото на муницијата биле пуштени дома.
XS
SM
MD
LG