Достапни линкови

logo-print

Орденот за Орбан нè одалечува од ЕУ


Унгарскиот премиер Виктор Орбан и премиерот Никола Груевски. Орбан во официјална посета на Македонија, 12 мај 2011.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и премиерот Никола Груевски. Орбан во официјална посета на Македонија, 12 мај 2011.

Унгарија е членка на ЕУ а нејзиниот премиер Виктор Орбан, е еден од најкриткуваните лидери поради неговите политики кои често се косат со нормите на Унијата, а тука пак, велат експертите има сличности со Македонија. Премиерот Орбан денеска добива орден „ 8 Септември“ од претседателот Ѓорге Иванов во Скопје и тоа е, според експертите, токму поради сличностите што покажува на која основа Македонија ги бира сојузниците.

Доделувањето на орден на личност како унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе предизвика само штета на репутацијата на Македонија во европските кругови, која и онака е нарушена, коментираат експертите. Владата на Орбан често е на мета на остри меѓународни критики поради политиките кои се косат со европските практики, како серијата на закони и уставни измени, меѓу кои и законот за медиуми кои се смета дека се закана за демократијата. На што Орбан возврати дека нема да прима наредби однадвор и ја обвини ЕУ за колонизација.
Мислам дека тоа е лош чекор за Македонија, меѓутоа исто така покажува кого ние сметаме за близок во рамките на ЕУ.

Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование вели дека
фактот што на Орбан му се доделува орден, а на пример за германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле македонските власти немаа време, доволно кажува кон што целиме ние и кој сакаме да ни биде сојузник. Според него, ниту една сериозна демократска Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот на Унгарија Виктор Орбан на Самитот на НАТО во Чикаго, 2012.

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот на Унгарија Виктор Орбан на Самитот на НАТО во Чикаго, 2012.

држава не би му искажала ваков почит на Орбан. Маричиќ се прашува со што тој го залужил орденот.

„Оваа ситуација во која нашиот претседател се сретнува со најозогласениот премиер во Европа, мислам дека повеќе кажува за нас и за нашата етаблираност во европските кругови, отколку за било што друго. Мислам дека тоа е лош чекор за Македонија, меѓутоа исто така
Ако се потсетиме дека слични беа потезите на Орбан како овие на Груевски, особено со законот за медиумите, единствена разлика е тоа што Унгарија е членка на ЕУ, а Македонија чека пред вратите на ЕУ.
покажува кого ние сметаме за близок во рамките на ЕУ. Орбан е еден парадигматски пример за штетен популизам, за популизам што ги нарушува демократските вредности во Европа.“

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека доделувањето на орден на Орбан укажува на непочитување на ЕУ и нејзините стандарди.

„Ако се потсетиме дека слични беа потезите на Орбан како овие на Груевски, особено со законот за медиумите, единствена разлика е тоа што Унгарија е членка на ЕУ, а Македонија чека пред вратите на ЕУ. Се појасно е дека инаетите на оваа политика на владата на Груевски се пред се антиевропски, дека формално се кажува дека ние сме за ЕУ, додека делата укажуваат на нешто друго.“

Според Маричиќ пријателството со Орбан има врска и со сличните политики кои ги водат владите на двете земји.

„Мислам дека целата оваа ситуација е токму пред еден важен самит што треба да се случи за десетина дена, на кој ќе треба да се донесе одлука за европската судбина на Македонија барем за некој рок, така што мислам дека сето ова е во таа функција, барање на сојузници, но мислам дека е многу лош начин.“

По средбата со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски орденот 8 септември на Орбан ќе му го врачи претседателот Ѓорѓе Иванов.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG