Достапни линкови

Пронајден украдениот камион со радиоактивен материјал


Меѓународната организација за атомска енергија соопшти дека во Мексико бил пронајден камионот со опасен радиоактивен материјал блиску до местото каде што претходно бил бил украден. Агенцијата прецизира дека камионот превезувал радиоактивен кобалт од една болница во Тихуана до центарот за радиоактивен отпад. Се страхува дека овој материјал би можело да биде искористен за правање таканаречена „валкана бомба“. Во минатата година Агенцијата регистрирала 17 случаи на илегално поседување и обиди за продавање нуклеарен материјал.
XS
SM
MD
LG