Достапни линкови

Отчети за подготовка на предизборен терен


Промоција на кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Избори 2013.
Промоција на кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Избори 2013.

Градоначалниците од владејачкото мнозинство даваат отчети за сработеното, опозицијата шета по градови и села, а аналитичарите во ваквиот политички сендвич кој им се нуди на граѓаните гледаат подготовка на терен за избори, претседателски или предвремени не е важно.

Градоначалниците и општинските советници се фатија за микрофон. Секој ден по еден градоначалник од владеачката гарнитура излегува на прес конференција да се пофали, односно да даде отчет за сработеното во изминативе 9 месеци, а по него следува прес конференција на советник од општините каде што владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и обвинува за злоупотреби на локалната власт на СДСМ. А во меѓувреме опозицијата почна да шета по села и градови делејќи им на граѓаните предизборни ветувања.
Во овој случај градоначалници сето тоа, тој отчет го даваат во функција да се мотивираат граѓаните во тие општини за гласаат за кандидатите на ВМРО- ДПМНЕ на следните претседателски избори.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Аналитичарите во ваквиот политички сендвич кој им се нуди на граѓаните гледаат подготовка на терен за избори, претседателски или предвремени не е важно.

Професор Здравко Савески вели дека ова е редовна практика на постојан маркетинг на владеачката гарнитура со која се пласираат селективни информации.

„Се занемарува информацијата - Колку е зголемен буџетот на
Претседатетелот на СДСМ, Зоран Заев во Ресен.
Претседатетелот на СДСМ, Зоран Заев во Ресен.
општините по фискалната децентрализиција во 2005 година, односно не се кажува информацијата со колку многу пари колку релативно малку се има сработено, а дека се има сработено сигурно секој може да го покаже тоа особено општините по фискалната децентрализација во 2005 година располагаат со незанемарлива сума на пари.“
Секако кај нас медиумскиот простор не е како западноевропските провокативни медиуми кои и пред отчет на градоначалници, министри и влади би поставиле многу прашања и за она што не е сработено.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Тој додава дека со ваквиот маркетинг, односно со промоцијата на сработеното се билда имиџот на партијата.

„Во овој случај градоначалници сето тоа, тој отчет го даваат во функција да се мотивираат граѓаните во тие општини за гласаат за кандидатите на ВМРО- ДПМНЕ на следните претседателски избори.“

Од друга страна пак аналитичарот Алберт Муслиу вели дека секој отчет е за поздравување но не остава простор идеалистички да се верува во искрени намери за транспарентност на политичарите.

„Секако кај нас медиумскиот простор не е како западноевропските провокативни медиуми кои и пред отчет на градоначалници, министри и влади би поставиле многу прашања и за она што не е сработено, но ако се воведе како пракса и кај другите политички партии тоа е за добро на граѓаните.“

Тој додава дека негативните кампањи кои што го преплавуваат медиумскиот простор имаат се помалку влијание врз гледачите. Дополнително Муслиу вели дека опозицијата е потребно да се прилагоди на потребите на граѓаните и да ја зголемат транспарентноста.

„Во секој случај може да биде припрема на електоратот и за предвремени избори но ако и опозицијата процени дека тие кампањи на советниците во општини каде што владејачката партија е во опозиција придонесуваат за промена на мислењето на граѓаните, тогаш можеби и тие треба да одговорат на ист начин.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG