Достапни линкови

САД: НАТО ќе има политика на отворени врати


портпаролката на американскиот Стејт департмент Мери Харф

портпаролката на американскиот Стејт департмент Мери Харф

„Без да зборуваме конкретно за наредниот самит на НАТО, Соединетите држави остануваат посветени на тоа дека Алијансата ќе има политика на отворени врати. Ова честопати го повторуваме. Земјите аспиранти треба да ги исполнат стандардите за членство и ние ги поддржуваме во ова. Не сакам да навлегувам во детали што може да се расправа на самитот, но во принцип го поддржуваме тоа“. Ова го изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент Мери Харф, на прашањето дали може да се очекува проширувањето на Алијансата да биде една од темите на претстојниот Самит на НАТО во Британија.
XS
SM
MD
LG