Достапни линкови

Во Брисел разговори меѓу Дачиќ и Тачи


Премиерите на Србија и на Косово Ивица Дациќ и Хашим Тачи денеска во Брисел ќе разговараат за продолжување на спроведувањето на спогодбата меѓу Белград и Приштина во областа на полицијата и правосудството. Двајцата премиери најавија дека ќе стане збор и за ситуацијата на Косово по локалните избори и следните чекори за конституирање на заедницата на српските општини. Пред средбата Хашим Тачи за Радио Слободна Европа изјави дека таа заедница ќе нема овластувања на политички или етнички ентитет. „Со учеството на србите на локалните избори се искоренува влијанието на Србија на Косово“, изјави Тачи за РСЕ.
XS
SM
MD
LG