Достапни линкови

Иванов: статус кво состојбата со евроинтегрирањето, фрустрирачка


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов синоќа, на маргините на третиот годишен состанок на Центарот за глобален дијалог и соработка во Виена, имаше неформална средба со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Притоа, како што јавува МИА, тој го повторил ставот дека блокадата на Македонија во однос на почетокот на преговорите со ЕУ предолго трае, а статус-кво состојбата е фрустрирачка. Стартот на преговорите, според Иванов, позитивно ќе влијае врз реформските процеси и општата состојба во регионот. Во текот на разговорот, Баросо ја потврдил заложбата на ЕК за продолжување на политиката на проширување со земјите од Западен Балкан.
XS
SM
MD
LG