Достапни линкови

Орден „8 септември“ за унгарскиот премиер Орбан


Претседателот на Владата на Унгарија Виктор Орбан, кој денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, на свечена церемонија ќе биде одликуван со орден „ 8 Септември“ од претседателот на РМ Ѓорге Иванов. Во соопштението од кабинетот на претседателот се вели дека орденот на Орбан му се доделува за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Македонија и Унгарија, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.
Најавено е дека унгарскиот премиер ќе се сретне со својот домаќин, македонскиот премиер Никола Груевски, а ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.
XS
SM
MD
LG