Достапни линкови

logo-print

НСА собирала 5 милијарди записи дневно


Американската Национална безбедносна агенција (НСА) собирала речиси 5 милијарди записи дневно за локации на мобилни телефони насекаде во светот, што и овозможувало на агенцијата следење на движењето на поединци, пишува „Вашингтон пост“ , повикувајќи се на документи обезбедени од поранешниот соработник на разузнавачките служби Едвард Сноуден. Според написот, меѓу телефонските снимки кои се собирани се и оние за Американци кои биле надвор од САД. Се наведува дека НСА е во можност да пристапи до милијарди снимки со прислушување на светските мобилни мрежи. Ваквите податоци и овозможуваат на НСА да го следи движењето на кој било мобилен телефон во светот, како и кој со кого разговара.
НСА соопшти дека не е насочена кон корисниците на мобилни телефони во САД.
XS
SM
MD
LG