Достапни линкови

Уапсени 16 Иранци за антивладини активности


Иранската револуционерна гарда уапсила 16 лица под обвинение дека им давале материјали на антивладини интернет страници. Иранската новинска агенција го цитира Ахмад Горбани, обвинител во Керман во јужен Иран, кој вели дека уапсените се обвинети за соработка со западни и антиирански новински мрежи. Засега не е соопштен идентитетот на овие 16 лица. Во извештајот се вели дека властите веруваат оти некои од уапсените биле на тренинг сесии во Турција и во Малезија.
Во написот се наведува и дека иранската морална полиција го уапсила Амир Таталу, популарен андерграунд пејач чии песни според властите се несоодветни.
XS
SM
MD
LG