Достапни линкови

Несогласувања меѓу САД и Кина за кинеската одбранбена зона


Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека новата кинеска воздушна одбранбена зона над Источно Кинеско Море предизвикала значителна вознемиреност во регионот. Тој истакна дека ги пренесол забелешките за зоната од администрацијата на Обама, за време на неговиот разговор со кинескиот претседател Кси Џинпинг, вчера во Пекинг.
Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека официјалните претставници му рекле на Бајден оти зоната е во согласност со меѓународното право и дека САД треба да го почитуваат тоа.
XS
SM
MD
LG