Достапни линкови

Времето и натаму сончево со мала облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен северозападен ветер.
Утринската температура се движи од минус девет до минус еден, а дневната ќе биде од шест до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб северозападен ветер. Утринската температура се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Сончевото време ќе потрае до утре, кога од крајот на денот ќе има преодно наоблачување, проследено со појава на умерен до засилен ветер од северен правец и со краткотрајни врнежи од снег. Наоблачувањето и промената на времето ќе влијае на дневните температури и се очекува нивно намалување.
XS
SM
MD
LG